Легендарниот Мајк Тајсон им се врати на тренинзите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тајсон додека беше боксер во кариерата важеше за вистински ѕвер и нокаутер, а сега на 54 години се одлучи да се врати на тренинзите за да може да одработи неколку хуманитарни борби.
„Сакам да влезам во форма за да можам да избоксувам три или четири рунди за хуманитарни цели и слични работи. Веќе чувствувам дека сум во добра форма. Сакам да одработам хуманитарни борби со цел да им помогнам на бездомниците и зависниците каков што бев јас“, изјави пред неколку дена.
Сега со видеото од еден свој тренинг покажува дека и понатаму на 54 години е ударачки ѕвер.