Додека трае пандемијата со коронавирусот Златан Ибрахимовиќ времето го поминува во Шведска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот фудбалер формата ја одржува тренирајќи со тамошниот Хамарби, каде воедно е еден од сопствениците, а не е исклучено и да заигра за овој клуб кога ќе му истече договорот со Милан.
Тоа го кажа Ибра во разговор за локалните медиуми, кои, нормално, ги интересираше што мисли за тоа дека денес е омразена личност во родниот Малме. Навивачите на овој клуб во знак на протест ја уништија неговата статуа која беше поставена пред стадионот.
„Тоа е тажно. Тие кои ги знаат сите детали, никогаш не би направиле такво нешто. Оние кои сакаат внимание и сакаат да пишуваат во медиумите за тоа бидејќи мислат дека е ‘кул’ се на детско ниво. Ние сме поголеми од тоа. Статуата беше таква каква што беше, а тоа што статуа не постои не значи дека не постои и моја историја. Таа останува засекогаш.“ – порача Ибра.
Фудбалерот на Милан исто така додаде дека се уште не размислува за крај на кариерата и дека ќе игра се додека телото го слуша.