Клубовите од англиската Премиер лига се во завршна на преговори со секретарот на Велика Британија за култура и спорт, Оливер Довден.
Раководството на Премиер лигата и претставниците на 20 клубови во пето кќе разговараат за продолжување на фудбалската сезона 2019/2020. Датум за продолжување е избран 8. јуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите клубови се сложиле дека сезоната треба да продолжи на 8. јуни што би значело дека ќе се заврши до јули. Од таа причина некои од клубовите почнаа да ги отвараат своите тренинг кампови.
„Лично разговарав со Премиер лигата околу продолжување на сезоната. Конечната одлука би требало да биде донесена по препраките од јавното здравство“, изјави Довден.
Арсенал, Евертон и Вест Хем од вчера ги отворија своите тренинг кампови, а денес се очекува истото да го направи и Тотенхем. Планот е сите клубови со полни тренинзи да започнат на 18. мај.
Остатокот од сезоната ќе биде одигран без присуство на публика. Вчера се најави и дека со дозвола на ФИФА поради згуснатиот распоред ќе се користат пет измени. Продолжувањето на сезоната веројатно најмногу ги радува навивачите на Ливерпул кои се пред освојување на титулата на која чекаат три децении.