Дома Фудбал Италија Лотито: Спремни сме да играме еден меч за титулата со Јувентус

Лотито: Спремни сме да играме еден меч за титулата со Јувентус

Лацио после скоро два века е во сериозна борба за Скудетото, небесносините се на бод заостанување зад лидерот Јувентус.

Италијанската влада вчера донесе одлука индивидуалните тренинзи да продолжат на 4. мај, а колективните две недели подоцна. Тоа значи дека Серија А ќе продолжи кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио е спремен да прифати да одигра само еден натпревар со Јувентус кој би ја одлучил титулата за сезоната 2019/2020.

„Секако дека би го прифатил тоа. Јас никогаш не сум бил проблем. Продолжувањето нас ни штети бидејќи би ја жртвувале Лигата на Европа за да играме помалку натпревари. Така би играле еднаш неделно, а останатите два пати. Ако првенството продолжи сите ќе играме два пати неделно и би ја изгубиле предноста“, изјави Лотито.

Оваа изјава на Лотито и не чуди толку многу затоа што Лацио сезонава два пати го победуваше Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Црната листа на Челси има дури 14 играчи – заедно чинат пола милијарда евра

Фудбалскиот клуб Челси би можел да продаде огромен број играчи ова лето. Британскиот Гарди…