Дома Топ вести Милан сака да го позајми Јовиќ

Милан сака да го позајми Јовиќ

Лука Јовиќ после само една сезона би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Серија А.

Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.

Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна само два гола, и двата во Ла Лига. „Дон Балон“ наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијанскиот гигант Милан.

Се очекува Милан да се раздели со Ибрахимовиќ, а прв на листата желби е токму Јовиќ, кој би можел повторно да игра во тандем до Ребиќ.

„Росонерите“ наскоро ќе испратат понуда до Реал Мадрид за едногодишна позајмица на Србинот со можност за откуп наредното лето, но „кралевите“ да имаат процент од следната продажба на напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…