Дома Останати Цел свет сака ова да го види: Тајсон ќе се врати во рингот за да помогне на бездомниците!

Цел свет сака ова да го види: Тајсон ќе се врати во рингот за да помогне на бездомниците!

Легендарниот Мајк Тајсон би можеле повторно да го гледаме во рингот.

Тајсон кој наскоро ќе наполни 54 години најави дека започнал да тренира и би можел да се врати во рингот и да одработи борби во добротворни цели.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сакам да влезам во форма за да можам да боксувам три или четири рунди за добротворни цели и слични работи. Веќе чувствувам дека сум во добра форма. Сакам да одработам хуманитарни борби за да соберам пари со кој би им помогнал на бездомниците и зависниците каков што бев и јас“, изјави Тајсон.

Тајсон важи за еден од најголемите боксери и најголем ударач на сите времиња. Во 1986 година стана најмладиот шампион во светот во историјата. Кариерата контроверзно ја заврши во 2005 година.

Вкупно одработи 58 борби, на 50 од нив победи, шест пати изгуби, а на две завршија без победник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…