Дома Фудбал Барселона размислува за бојкот на сезоната!

Барселона размислува за бојкот на сезоната!

Каталонските медиуми кои се блиски до Барселона откриваат дека клубот од „Камп Ноу“ размислува за бојкот за продолжување на сезоната, доколку мерките за сигурност не гарантираат 100% заштита.

Од „Камп Ноу“ на прво место го поставуваат здравјето и не сакаат да прават компромиси само за да се спаси сезоната. Каталонски „Спорт“ тврди дека клубот размислува за бојкот и Бордот на директори ќе дискутира за мерките за сигурност од Примера и Минстерството за здравство.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Барселона ја прифати идејата за враќање во тренажен процес, но стравот за официјални натпревари е поголем бидејќи ќе има контакт со фудбалери од други клубови.

Во меѓувреме претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас изјави дека ќе има казни за клубовите кои нема да ги почитуваат новите одредби.

„Ако еден клуб одбива да игра откако веќе имаме дозвола од здравствените власти, ќе подлежи на сериозни санкции и ќе се регистрира службен пораз“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…