Дома Фудбал Мурињо од клубот побара две засилувања

Мурињо од клубот побара две засилувања

Жозе мурињо побара од раководството на Тотенхем двајца фудбалери во летниот преоден рок.

Иако Спарси имаат одредени финансиски потешкотии, Мурињо тоа не го интересира и побара од челниците на клубот 100 милиони фунти за да донесе две засилувања.

На неговата мета се напаѓачот на Волвс, Раул Хименез и дефанзивецот на ВЕст Хем, Иса Диоп, а за нивното доаѓање Спарси треба да издвојат 100 милиони фунти.

Одличниот Хименез игра фантастично во дресот на Волвс. Покрај Тотенхем, за него интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Неговата цена е околу 44 милиони фунти, а останатите пари Мурињо планира да ги потроши на Диоп, за кој Вест Хем бара 53 милиони фунти.

Мурињо е голем обожавател на играта на овој фудбалер. После натпреварот со ВЕст Хем кога беше на клупата на Јунајтед го опиша како “ѕвер“ и сега сака да го донесе во својот тим.

Останува да видиме дали ќе успее да ги донесе, а доколку тоа се оствари со сигурност ќе бидат големо засилување за Спарси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…