Дома Фудбал Англија Озил ги налути Англичаните – одби да му биде намалена платата

Озил ги налути Англичаните – одби да му биде намалена платата

Офанзивниот играч од средниот ред на Арсенал, Месут Озил и уште двајца играчи на Арсенал одбиле намалување на платите, објави клубот од „Емирати“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од таборот на Арсенал во вчерашниот ден соопштија дека речиси сите во клубот се согласиле на играчите, тренерите и целиот стручен штаб да им бидат намалени платите за 12% во следните 12 месеци.

Еден од оние кои цврсто се спротивставиле на ваквиот предлог на управата на Арсенал бил Месут Озил кој  е најплатениот фудбалер на клубот со заработка од 400.000 фунти неделна плата.

Не е познато кој се останатите двајца играчи кои одбиле кратење на приходот. Овој потег дополнително го налутил Микел Артета кој летово најверојатно ќе се ослободи од Озил и од уште неколкумина првотимци на „топџиите“.

Озил е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата, па ваквиот негов потег предизвика револт во јавноста и ги налути Англичаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалер на Вардар ќе игра на позајмица во Арсими

Фудбалскиот клуб Арсими го обезбеди потписот на Ибрахим Оласебикан, кој во наредната сезон…