Дома Фудбал Италија Како Џиџи Буфон го поминува времето во изолација?

Како Џиџи Буфон го поминува времето во изолација?

bufon

Италијанската Серија А е прикината пред повеќе од еден месец и од тогаш играчите се во карантин во своите домови.

Сигурно дека за секој од нив ова е необична ситуација бидејќи веќе неколку недели не тренирале, а камоли да играат натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нормално, повремено се јавува и досада во затворен простор, но легендарниот Џиџи Буфон има лек и за тоа.

Додека сезоната не продолжи, Буфон времето го поминува со играње видео игри. Судејќи според фотографијата која ја објави на Инстаграм, една од омилените игри му е онаа од светот на “авто-мото“, па затоа користи волан.

Да потсетиме, за сега нема официјални информации за тоа кога ќе продолжи да се игра Серија А, но се верува дека со тренизи ќе се почне на почетокот на мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…