Дома Топ вести Англичаните тврдат: Се е договорено, Ливерпул добива нов напаѓач!

Англичаните тврдат: Се е договорено, Ливерпул добива нов напаѓач!

Oд повеќе извори од Англија пристигнува иста вест – Тимо Вернер ќе биде нов напаѓач на Ливерпул!

Според информациите, Вернер веќе има закажани лекарски прегледи во една приватна клинка  во Германија, а откако ќе ги помине би требало да го заврши трансферот во Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Вернер само чека зелено светло од својот агент кој треба да ги заврши деталите пред се да биде официјализирано. Финансиските детали не се познати, претходно се споменуваше сума од 60 милиони евра, но се очекува во наредните денови се да биде познато.

Сепак, ќе мора да се почека и сезоната да продолжи и да се заврши бидејќи Вернер го чека борба со Лајпциг во Бундес лигата и Лигата на шампионите. Сега само ќе ги заврши прегледите бидејќи желбата на двете страни е работата да биде договорена пред продолжување на сезоната.

Германецот експлодираше оваа сезона кај Јулијан Нагелсман и на 36 натпревари постигна 27 голови и додаде 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан спрема понуда за талентот на Реал

Реал Мадрид во летниот преоден рок ја победи конкуренцијата за турскиот талент, Арда Гулер…