Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер отворено го изрази незадоволството од раководството на клубот околу преговорите за новиот договор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Актуелниот договор на 34-годишниот Ноер истекува за една година и тој е во преговори за нов договор, но на почетокот од оваа недела во медиумите се појавија детали за преговорите, што го налутија германскиот репрезентативец.
„Откако сум во Баерн, сите разговори беа доверливи. Ништо досега не излезе на виделина во медиумите. Но, сега деталите за тековните разговори постојано се појавуваат во печатот и честопати се неточни. Ова ме вознемирува. Не е нешто на што навикнав во Баерн“, истакна Ноер.
„Не го познавам клубот како таков. Сакам да играм ако бидам здрав, но најважна ми е довербата. Јасно ми е дека е премногу да се бара петгодишен договор, но не можам да предвидам до колку ќе бранам“, додаде Ноер.