Дома Фудбал Останато Фудбалер поминал низ пекол поради Ковид-19: Сакав да излезам од својата кожа, не знам колку инекции примив

Фудбалер поминал низ пекол поради Ковид-19: Сакав да излезам од својата кожа, не знам колку инекции примив

Фудбалерот на шведската екипа Оддеволд, Кемал Мустафа го опиша неговото искуство со коронавирусот.

Мустафа беше еден од оние кои вирусот го фати кон почетокот на април и тоа лошо искуство тој нема да го заборави.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се сеќавам дека со мене на телефонот зборуваа се додека помошта не стигна. Не знам што зборувавме. Следно што се сеќавам е како пред мене се луѓе во заштитна опрема кои ми даваат маска“.

Кога го однеле во болница, започнал пеколот. Имал температура од дури 41.

„Сакав да излезам од сопствената кожа. Никогаш во животот не сум примил толку инекции, на секој час ме прегледуваа. Обично не се плашам од ништо, но влегувањето во болницата и погледот кон сите тие болни луѓе, доктори, медицински сестри, анестизолози…Тоа беше најстрашната работа која ја доживеав во мојот живот“.

„Не спиев три дена. Добивав таблети за спиење и не делува. Само што ќе ги затворев очите имав проблеми со дишењето. Не знаев дали можам да дишам од уста или нос. Тука беше и кашлицата која ве буди цело време“, се потсети Мустафа.

За среќа се е зад овој 28 годишен фудбалер кој игра на позицијата лево крило и беше дел од јуниорската селекција на Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…