Дома Фудбал Италија Во Италија се решиле за поинаков пат: Фудбалската сезона ќе продолжи поразлично од сите други земји!

Во Италија се решиле за поинаков пат: Фудбалската сезона ќе продолжи поразлично од сите други земји!

Додека во сите првенства во Европа се поставува прашањето кога и дали ќе се продолжат фудбалските првенства и како да се завршат европските натпреварувања, Италијаните избираат поинаков пат.

На „Чизмата“ прво ќе го играат Купот на Италија! Во прашање се реванш натпреварите од полуфиналињата, но двете дерби средби ќе се играат пред празни трибини, барем ќе има директен пренос, пишува „Газета“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлучено е со натпреварите Јувентус – Милан и Наполи – Интер на 27 и 28 мај и официјално да продолжи фудбалската сезоната во Италија. Потоа на ред ќе дојдат натпреварите од Серија А.

Во првите натпревари Милан и Јувентус одиграа 1:1, додека Наполи има предност од 1:0 против Интер.

„Со дозвола на власта, Советот на Лигата одлучи дека подобро е да започнеме со полуфиналето од купот. Ќе играат Јуве – Милан и Наполи – Интер и тие натпревари ќе се пренесуваат на РАИ телевизијата. Останатите тимови ќе имаат повеќе време да се припремат за враќање на терените. Ако Купот се игра на 27 и 28 мај тогаш Серија А би продолжила на 31 мај“, изјавил соговорникот за „Газета дело Спорт“.

Планот е финалето од ова натпреварување да се одигра на 2 август што би било прифатливо и за УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Звучи неверојатно, но ова на Перез никогаш не му успеало во Реал Мадрид

Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси н…