Дома Фудбал Англија Премиерлигашите се надеваат дека сезоната ќе заврши до 30. јуни

Премиерлигашите се надеваат дека сезоната ќе заврши до 30. јуни

И во Англија, како и во цела Европа, фудбалот е под суспензија поради пандемијата со коронавирусот.

Се уште нема официјални датуми за можно продолжување на првенството во ПЛ. Сепак, се поголем број клубови лобираат сезоната откако ќе продолжи да заврши до 30. јуни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


30. јуни е важен датум за многу клубови, бидејќи тогаш на голем број играчи им истекуваат договорите. Англиските тимови се плашат дека не можат да успеат да го решат проблемот со договорите, па сакаат сезоната да заврши пред да истечат договорите.

Како што пренесува Скај Спорт, клубовите во ПЛ се спремни да направат се сезоната да продолжи и да се одигра до крајот, но се загрижени и поради ситуацијата со договорите.

Наводно, челници на девет клуба од ПЛ веќе дискутирале на таа тема и се договориле барањето за сезоната да заврши до 30. јуни да го претстават на челниците во ПЛ.

Тие пак, закажале состанок со клубовите за во петок и тогаш сите ќе можат да ги претстават своите предлози за решение на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…