Дома Топ вести Јувентус после финалето тргнува по 5 нови засилувања!

Јувентус после финалето тргнува по 5 нови засилувања!

Иако Јувентус во сабота игра финале во Лигата на шампиони против Реал Мадрид веќе на големо се припрема за следната сезона.

„Старата дама“ во последните неколку години доминира во италијанското првенство, моментално е меѓу најдобрите тимови во Европа, но за да го задржи овој статус торинскиот клуб продолжува да доведува големи засилувања.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека главна мета на „бјанконерите“ во летниот преоден рок ќе биде Анхел ди Марија. Јувентус за Аргентинецот спреми договор од 7 милиони евра плус бонуси и сака да го искористи фактот што тој е среќен во Париз и сака да ја промени средината.

Притоа, Јувентус веднаш после финалето во ЛШ ќе ја активира откупната клаузула за ѕвездата на Сампдорија, Патрик Шик која изнесува 25 милиони евра. „Бјанконерите“ веќе имаат комплетен договор со играчот иско како и со Матија де Шиљо од Милан.

Како засиливање за средниот ред прва мета е играчот на Монако Фабињо за кого интерес покажуваат многу европски гиганти.

Исто така ракводството на Јувентус размислува и за ангажман на крилниот напаѓач на Лацио, Кеита Балде за кого се спремни да понудат 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…