Медиумите на Островот денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид спрема рекордна понуда за Садио Мане.
Веќе некое време се шпекулира дека Мане може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и со тоа да го исполни својот детски сон. Сенегалецот не ја крие желбата да игра во „кралскиот“ клуб еден ден, па ова лето може да го напушти Ливерпул.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Сан“ пишува дека Ливерпул веќе размислува за можноста Мане да го напушти клубот ова лето, и тие сакаат да бидат подготвени за тоа. „Црвените“ бараат замена за Сенегалецот и знаат кој ќе биде првата мета.
Наводно, најголема желба на Ливерпрол е Килијан Мбапе, за кого клубот е спремен да понуди 170 милиони фунти.
Мбапе има договор со парижаните до летото 2022 година и не покажа интерес за негово продолжување. Сигурно е дека ќе има многу возбудувања ова лето за неговиот статус, но ПСЖ нема лесно да се откаже од него.