Македонските репрезентативци Дејан Манасков и Филип Талески, на две кола до крајот на првенството во Бундеслигата, ја обезбедија шампионската титула со Рајн Некар Левен.
„Лавовите од Мајнхајм“, во дербито гостуваа кај Кил и го декласираа домаќинот со 28:19, додека во исто време конкурентот Фленсбург загуби кај Гепинген.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
По ваквиот развој на настаните, Рајн Некар Левен, на две кола до крајот на првенството стекна пет бода предност во однос на Фленсбург, со што и математички ја обезбеди втората шампионска титула во клупската историја.
Рајн Некар до триумфот го предводеа Шмид со шест, односно Ду Риц и Сигурдсон со пет голови. Македонските репрезентативци Манасков и Талевски не добија шанса да влезат на теренот.