Легендарниот италијански играч за врска Даниеле Де Роси во својата кариера играше само за два клуба, Рома и Бока Јуниорс. Де Роси имал прилика да игра за Манчестер Јунајтед, но истата ја одбил.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Де Роси во текот на кариерата запиша повеќе од 600 натпревари во Рома, а се прости во дресот на Бока. Во минатото беше мета на бројни клубови, а сега конкретно објасни зошто го одбил Манчестер Јунајтед.
„Од мали нозе го сакав Јунајтед, но не беше исправна одлука да одам тогаш во тој клуб затоа што на мојата позиција ги имаа Рој Кин и Пол Сколс. Неверојатни играчи“, порача Де Роси во изјавата за „Скај Спорт“.
Исто така додаде дека со потписот за Бока Јуниорс остварил една голема желба.