Многумина кои ја следат НБА лигата знаат дека на почетокот на 90-тите доминираа Лејкерси со тандемот Коби Брајант – Шекил О’нил.
Тие двајца освојуваа титули од 2000 до 2002 година, но тогаш тандемот се распадна, а некои други тимови го превземаа приматот. На Коби му пречеше несериозноста на Шек и недостатокот на работна етика, во еден момент имаа и инцидент на тренинзите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој инцидент во кој Шек прво го удрил Коби, а тој му возвратил се случил во сезоната 1989/1999. Таа година во Лејкерси дојде и Ајзе Рајдер кој Шек се обидел да го „подмити“.
„Кога дојдов во Лејкерси, Шек ми кажа дека ме чекаат 10.000 долари ако се степам со Коби, тоа беше само после три дена откако дојдов. Мислев дека се шегува, но тој продолжи да ми повторува: „Таму има 10.000 долари, ако некогаш се степаш со него и си го одработиш своето оди и земи ги, твои се“, раскажа Рајдер.
Ќе потсетиме, Рајдер во лигата во 1993 година влезе како петти пик од првата рунда во драфтот. Првите три години ги помина во Минесота, потоа три во Портланд, па по една година во Аталанта и Лејкерси.