Дома Фудбал Останато Соиграчот на Халанд: Исчезна кога се повреди, а кога се врати изгледаше како чудовиште

Соиграчот на Халанд: Исчезна кога се повреди, а кога се врати изгледаше како чудовиште

Ерлинг Халанд оваа сезона е најголемото фудбалско откритие во Европа. 19-годишниот Норвежанец блесна во дресот на Салцбург, а потоа во Борусија Дортмунд покажа дека е еден од најголемите таленти во светот.

Халанд кариерата ја започна во Молде, а неговиот поранешен соиграч Руберн Габриелсен раскажа интересна приказна за развојот на одличниот фудбалер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во 2017 година дојде во клубот и беше низок, а не беше ниту добар. Си помислив дека може да игра барем во норвешкото првенство. Потоа се разболе и се повреди во ист момент и не го видов долго време. Кога се врати во клубот беше чудовиште. Изгледаше огромно и ги убиваше сите на тренинг. Сите се прашуваа што му се случило? Од тој момент почна неговиот напредок“, раскажува Габриелсен.

Габриелсен беше изненаден кога тренерот Оле Гунар Солскјер реши да го уфрли 17-годишниот тинејџер во стартниот тим на гостувањето против лидерот на табелата, Бран.

„Цела недела немаше дадено ниту еден гол на тренинг. Ниту еден. Сите му се смеевме. Кога тренерот реши тој да почне, сите се потсмевавме кога зборувавме еден со друг.  После 50 минути постигна четири гола“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…