Дома Фудбал Барселона ја тресе голема криза: Шпанците пишуваат за диктатура на еден човек!

Барселона ја тресе голема криза: Шпанците пишуваат за диктатура на еден човек!

Oткако пред неколку месеци Барселона потресе криза поради јавниот конфликт на Лионел Меси и Ерик Абидал сега повторно се пишува за проблеми во клубот, но овој пат поради платите на фудбалерите.

Барселона им ги намали платите на фудбалерите за 70% за да се припреми за неминовната економска криза која ќе дојде поради застојот на првенството поради пандемијата од коронавирусот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Позицијата на Хозе Марија Бартомеу е се повеќе несигурна, а каталонскиот „Спорт“ пишува дека фудбалерите на Барселона на чело со Меси почнале да креваат „бунт“ против него и диктатурата која ја спроведува.

Емил Раусауд и Енрике Томбас, двајца поптретседатели застанаа покрај играчите за да им пружат поддршка во конфликтот со Бартомеу, па претседателот ги разреши од должноста.

Томбас наводно збеснал, но не сакал се огласува во јавноста, додека Роусауд отворено кажа дека ова е еден вид предавство и дека според него остатокот од управата нема кредибилитет да го води клубот.

„Спорт“ најавува дека следни на листата за откази ќе бидат директорите Силвио Елиас и Хозе Понте, наводно тие веќе се отпишани и се чека само и официјално да им се сооошти. Каталонците додаваат дека никој не може да предвиди во која насока ќе одат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…