Дома Фудбал Останато Ракитиќ со една фотографија го навлече бесот на навивачите: Нека не се изненади ако биде продаден! (ФОТО)

Ракитиќ со една фотографија го навлече бесот на навивачите: Нека не се изненади ако биде продаден! (ФОТО)

Иван Ракитиќ често пати се поврзуваше со заминување од Барселона, а после последната негова објава на социјалните мрежи тој доби големи критики од навивачите на Барселона.

Хрватскиот репрезентативец на Инстаграм објави фотографија од натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина од Русија и предизвика низа негативни коментари од страна на навивачите на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска во тој натпревар ја победи Аргентина со 3:0, а Ракитиќ го постигна третиот гол за Хрватска. Спорната фотографија во тие неколку кој ги објави Ракитиќ е онаа каде со дриблинг поминува покрај Меси кој останува на тревникот.

Тешко е да се замисли дека Ракитиќ со оваа објава сакаше да предизвика лоши реакции, но ги доби. Некои одат толку далеку што тврдат дека со ова тој го потврдил неговото заминување од клубот.

Навивачите на Ракитиќ му замеруваат што го потсетил Меси на уште еден неуспех со Аргентина. Аргентина на тој Мундијал беше елиминирана во 1/16 финалето од Франција, а така Меси пропушти уште една шанса да направи нешто повеќе со репрезентацијата.

Интересен коментар на оваа фотографија имаше една фан страна на Барселона на Твитер.

„Ракитиќ ова го објави на Инстаграм. Нека не се изненади ако биде продаден ова лето, Меси е диктатор“.

На објавата на Ракитиќ преовладуваат коментарите „RakiticOut“, а може да се прочитаат и некои навреди на сметка на хрватскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…