Дома Фудбал Италија Малдини го победи коронавирусот

Малдини го победи коронавирусот

Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини ја доби битката со коронавирусот исто како и неговиот син Даниел, пренесуваат италијанските медиуми.

Минатата недела Даниел потврди дека е излекуван, а сега доаѓа информација дека коронавирусот го победил и Паоло Малдини.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


И двајцата беа позитивни на КОВИД-19 минатиот месец и заедно се наоѓаа во домашен карантин.  Даниел, кој е дел од младинските категории на Милан наскоро ќе започне со индивидуални тренинзи.

Паоло Малдини пак е технички директор во Милан и од денес се враќа на работните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бенитез за трансферот на Александар Исак: Ќе ви откријам една тајна

Поранешниот тренер на Ливерпул и Њукасл, Рафаел Бенитез (65), ги сподели своите сознанија …