„Газета Дело Спорт“ пренесува дека можно е на 4 мај да им биде дадена дозвола на италијанските клубовите да започнат со тренинзи под посебни мерки и услови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најоптимистичкиот датум е 24 мај, следните два се 31 мај и 7 јуни. Сезоната откако ќе почне би завршила за шест и пол недели, така што ќе се игра два пати неделно.
Најавен е нов состанок кој ќе се одржи до крајот на оваа седмици по кој ќе бидат познати повеќе детали околу мерките и шансата за враќање на играчите во тренинг центрите на клубовите.
Во меѓувреме Јувентус и Интер ги повикаа играчите кои ја напуштиле Италија да се вратат со оглед на фактот дека откако ќе се вратат ќе бидат 14 дена во карантин.
Во Јувентус готово сите странци ја напуштија Италија, додека кај Интер во Милано се единствено Кристиан Ериксен и Ешли Јанг.