Францускиот клуб одлучи да го задржи Мауро Икарди.
Како што јавува Кориере дело Спорт, ПСЖ донесе одлука да го откупи договорот на Икарди од Интер за 70 милиони евра.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Договорот за позајмица помеѓу ПСЖ и Интер е со важност уште два месеци, а францускиот првак наводно уште сега е подготвен на Интер да му исплати 70 милиони евра за откуп на договорот.
Тоа воедно може да значи и дека ПСЖ се откажува од Кавани, на кој му истекува договорот, а може да значи и заминување на Тухел од клупата на ПСЖ, бидејќи Германецот беше против тоа Икарди да остане во Париз.
Икарди имаше турбулентен период од животот во Милано пред да се пресели ова лето во ПСЖ. Во дресот на Парижаните одигра 31 натпревар и постигна 20 погодоци.