Лудо звучи ако се спомене дека Меси ќе ја напушти Барселона, но од Италија повторно се појави вест дека Интер има намера да тргне по потписот на Аргентинецот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
И претходното лето слушавме вакви шпекулации, но сега разликата е што оваа лудост ја кажа Масимо Морати, поранешниот прв човек на Интер. Морати дури најави дека Интер ќе тргне во акција следнот јуни.
„Не е забрането да се сонува таков трансфер. Меси влегува во последната година од договорот и Интер има намера да направи обид следниот јуни. Не знам дали оваа ситуација со Ковид-19 нешто менува, но сметам дека до крајот на годината ќе има чудни работи“, изјави Морати.
Дали Морати знае нешто повеќе ние не е знаеме, но дефинитивно овие негови зборови изгледаат како вистинска лудост.