Дома Фудбал Италија Официјално: Во Серија А се договорија за намалување на платите на фудбалерите

Официјално: Во Серија А се договорија за намалување на платите на фудбалерите

Клубовите од Серија А постигнаа едногласен договор за намалување на платите на фудбалерите поради пандемијата од коронавирус.

Денес претставници на сите клубови имаа конференциска видео-средба, откако преговорите со Асоцијацијата на професионални фудбалери не дадоа резултат.

Така 19 клуба од Серија А постигнаа договор годишната плата на фудбалерите да биде намалена за 1/6 (односно за два месеци)доколку продолжи сезоната или 1/3 (четири месеци) ако првенството не продолжи.

Единствен клуб кој не гласаше беше Јувентус, кој претходно донесе самостојно решение во договор со фудбалерите да ги намали платите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Малаго би можел да стане специјален комесар на ФИГЦ

Фудбалската федерација на Италија се соочува со хаотична ситуација околу изборот на претсе…