Дома Фудбал Германија Баерн започна да тренира на „специјален“ начин (фото)

Баерн започна да тренира на „специјален“ начин (фото)

Баерн Минхен е уште еден тим кој се врати на тренинг во време кога речиси сите натпреварувања се прекинати поради пандемијаата на Ковид-19.

Ѕвездите на Баварците во тренинг-центарот стигнаа околу 10 часот, а влегувале еден по еден во одреден временски интервал.

Играчите на теренот излегуваа во мали групи, кои не беа поголеми од пет члена и меѓу себе држеа растојание од 1,5 метри.

Клубот соопшти дека ги запазува и сите предвидени хигиенски регулативи. На тренинзите присуствуваат само луѓето кои се неопходни за да се реализира тренингот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Годин за ситуацијата со Алварез: „Кога ќе каже дека сака да си замине, за навивачите е како нож во срце“

Поранешниот уругвајски репрезентативец Диего Годин ја коментираше ситуацијата околу Хулија…