Дома Топ вести Милан не запира – капитенот на Лацио пристигнува на „Сан Сиро“

Милан не запира – капитенот на Лацио пристигнува на „Сан Сиро“

Милан е далеку најактивен клуб во летниот трансфер период, а италијанските медиуми денес потврдија дека клубот од „Сан Сиро“ договори уште еден голем трансфер.

После Матео Мусакио и Франк Кесие, „росонерите“ го договорија трансферот на капитенот на Лацио, Лукас Биглиа.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Како што пренесува „Газета дело Спорт“ Милан за неговиот потпис ќе плати 18 милиони евра, а играчот ќе потпише тригодишен договор вреден 2,5 милиони евра плус бонуси.

Во наредните денови се очекува аргентинскиот репезентативец да пристигне во Милано на прегледи и официјално да стане играч на Милан.

Со доаѓањето на Кесие и Биглија „росонерите“ значително ќе го засилат средниот ред, па ќе се ориентираат на нападот каде главна мета е Алваро Мората од Реал Мадрид.

Трансферот на Рикардо Родригез од Волфсбург е практично договорен, а Милан е во потрага и по крилен напаѓач, на радарот се Кеита Балде од Лацио и Папу Гомез од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп потврди дека се враќа: Возбуден сум, страста се уште е тука!

Информацијата која беше објавена утрово сега доби и потврда – Јирген Клоп дефинитивн…