Очекувано беше донесена одлуката сезоната во Премиер лигата да не продолжи во почетокот на мај, туку кога ќе се создадат услови, беше одличено на видео-конференцијата на клубовите денес.
Можните датуми за продолжување на сезоната се уште не се точно одредени бидејќи се директно поврзани со пандемијата од коронавирус и ќе биде одредено кога ќе се создадат услови за игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целта останува истата – сите натпревари од лигити и ФА Купот да бидат изиграни, но тоа ќе се случи само откако здравствените служби ќе дадат дозвола првенството да продолжи.
Клубовите се согласија да им предложат на играчите намалување од 30% на годишната плата, додека трае вонредната состојба. Тоа ќе даде можност на сите останати вработени во клубовите да можат да ги задржат работните места.
Притоа, Премиер лигата се обврза со 20 милиони евра да ја поддржи Националната здравствена служба како и сите погодени групи од пандемијата. Ќе бидат обезбедени авансно и 125 милиони евра за клубовите од подолните лиги за да се избегнат банктори.
The Premier League’s overriding priority is to aid the health and wellbeing of the nation and our communities. The 2019/20 season will only return when it is safe and appropriate to do so.
— Premier League (@premierleague) April 3, 2020
Full statement: https://t.co/Tv9Leq4GGp#WeAreOneTeam pic.twitter.com/XPLQ7ls422