Дома Фудбал Мартинез заминува, започна преговори со поранешниот клуб

Мартинез заминува, започна преговори со поранешниот клуб

Германските медиуми се убедени дека Мартинез по завршувањето на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.

Мартинез на Алијанц Арената дојде во 2012. година и од тогаш со Баварците освои бројни трофеи, меѓу кои и ЛШ. но ова лето ќе заврши неговата ера во Минхен.

Така барем тврдат медиумите во Германија, според кои неколку клубови покажале интерес за Мартинез, но извесно е дека неговата следна дестинација ќе биде Атлетик Билбао.

Наводно агентите на Мартинез веќе започнале преговори со овој шпански прволигаш, чиј дрес го носеше од 2006. до 2012. година, а целиот трансфер би требало да чини околу 20 милиони евра.

Мартинез од доаѓањето во Баерн запиша 232 настапи, постигна 13 погодоци и запиша девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети бара силна „деветка“: Јувентус го разгледува Скамака за јануари

Напаѓачот на Аталанта е меѓу кандидатите за засилување на Јувентус, а Спалети добро го поз…