Во Ливерпул размислуваат да испратат сензационална понуда за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, но само доколку Садио Мане се пресели во Реал Мадрид.
Оваа вест денес ја објави еминентниот спортски весник „Екип“ и тврди дека луѓето на „Енфилд“ стравуваат дека можат да останат без Садио Мане ова лето, па веќе бараат негова замена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стерлинг е спремен да го напушти Манчестер Сити доколку остане на сила казната на „граѓаните“ за неиграње во Лигата на шампиони во следните две години.
Тој неодамна и јавно призна дека нема ништо против да се врати во Ливерпул, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација.
„Екип“ тврди дека Стерлинг е отворен за враќање на „Енфилд“ и покрај фактот што таму е омразен поради начинот на кој го напушти клубот во 2015 година.
Клоп смета дека Англичанецот ќе биде идеален наследник на Мане и веќе спрема понуда доколку Сенегалецот го напушти „Енфилд“ ова лето.
Liverpool ready to launch shock move for Raheem Sterling as a replacement for current Reds forward claims reporthttps://t.co/2SKe7Jp2yY pic.twitter.com/otYRk7gJ3X
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) March 31, 2020