Дома Фудбал Трагедија: Почина млад талент на Атлетико Мадрид

Трагедија: Почина млад талент на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид официјално ја потврди тажната вест дека починал 14-годишниот фудбалер Кристијан Минчола.

Претседателот на оваа екипа, Енрике Серезо изрази сочувство до семејството и рече дека во клубот се шокирани. Причините за смртта не се наведени во соопштението од шпанскиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Шокирани сме од тажната вест за смртта на нашиот играч. Атлетико Мадрид како клуб и ние како вработени, цело време ќе бидеме до семејството, кое, се соочи со голема загуба“, изјави Серезо.

Минчола важел за еден од најголемите таленти во академијата на Атлетико и му се предвидувало голема кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселонa во своите редови веќе има „нов Јамал“: На 27 натпревари постигнаа 100 гола – со само девет години!

Иако Ламин Јамал е уште млад и има само 18 години, Барселона можеби веќе има негов наследн…