Претседателот на Фудбалската Федерациај на Италија, Габриеле Гравина потврди дека Италија оваа сезона ќе добие шампион.
Италијанската Фудбалска федерација на сите начини се обидува да ја заврши сезоната која е прекината поради корона вирусот, па сигурно е дека Италија ќе добие шампион или на терен или надвор од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме план кој ни е приоритет. Сите ќе бидеме среќни ако сезоната заврши на терен. Во контакт сме и со ФИФА. Првата цел е да заврши сезоната до 30. јуни, ако тоа не успее ќе се обидеме да заврши до 30. јули. Мораме да се вклопиме со правилата кои доаѓаат од политичкиот врв. Ако не можеме да играме ќе донесеме одлука според она што се случуваше до суспензијата“, изјави Гравина.
Според моменталниот пласман во Серија А доколку сезоната не продолжи Јувентус повторно ќе биде шампион, а Лацио, Интер и Аталанта ќе се пласираат во Лигата на шампиони.