Раководните луѓе на Примера работата на тоа да пронајдат начин за доигрување на сезоната која моментално е во прекин поради пандемијата со коронавирус.
Шпанските фудбалски власти сакаат сезоната да продолжи што е можно побрзо и ги известија клубовите да бидат спремни штом ќе се создадат услови. Во моментов се разгледуваат три опции за продолжување на сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
1 Првенството да продолжи во мај
Оваа идеја е најоптимистичка, бидејќи според овој предлог сезоната треба да продолжи на средината во мај и да се играат натпревари до крајот на јуни и почетокот на јули.
Тоа значи дека клубовите ќе мора да играат на секои три дена, а тие ќе се играат најверојатно без присуство на публика. Одлука за играчите кои се со договор до 30-ти јуни ќе донесе ФИФА.
2. Да се продолжи сезоната во летните денови
Со оглед на фактот што Европското првенство е одложено, оваа опција е најверојатна, но треба почетокот на следната сезона да се пролонгира. Според овој календар Примера може да се игра до средината на август.
3. Сезоната да продолжи во септември
Тоа е најрадикалната опција, но како поминуваат деновите се чини се пореална. Со тоа што ќе биде голем проблем почетокот на следната сезона, па може двете сезони да се поврзат без одмор.
Имаше и различни предлози да се игра плеј-оф, да се поништи актуелната сезона или да се прогласи шампион според моменталната табела, но тие предлози се отфрлени.