Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер смета дека Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем ако клубот наредната сезона не освои некој трофеј.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кејн веќе неколку сезони е прва ѕвезда на Тотенхем, но сигурно дека го фрустрира тоа што клубот не може да освои ниту еден трофеј.
За неговите услуги интерес покажуваат бројни европски гиганти и Ширер смета дека Кејн ќе ги одбива само уште ова лето.
„Мојата претпоставка е дека ако ништо не освојат во наредните 12 месеци, Кејн ќе си замине. Ова лето нема да брза, меѓутоа ако и наредната не освојат некој трофеј тогаш веќе нема да ги чека“, смета Ширер.
За услугите на Кејн претходно интерес покажуваа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.