Дома Фудбал Англија „Мане ќе замине во Реал, а и трансфер на Салах би бил добар за Ливерпул“

„Мане ќе замине во Реал, а и трансфер на Салах би бил добар за Ливерпул“

Фантастичиот Сенегалец Садио Мане ќе биде нов фудбалер на мадридски Реал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барем така тврди поранешниот играч на Ливерпул, Мохамед Сисоко, а тврди дека за клубот од Енфилд ќе биде добро и трансфер на Мохамед Салах.

„Мане го гледам во Реал Мадрид. Тој има карактеристики кои Зидан ги посакува. Верувам дека Мане ќе замине во Реал Мадрид.“ – рече Сисоко и додаде:

„Не знам дали Салах е остане во Ливерпул, но сметам дека неговото заминување би било добро за тимот. Ливерпул го предводат паметни луѓе и знаат како да го заменат.“

Поранешниот играч на Црвените за овој тим настапуваше од 2005. до 2008. година и одигра 87 натпревари. Потоа играше за Јувентус, ПСЖ и Фиорентина и уште неколку малку познати клубови ширум светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бизарен инцидент на натпреварот меѓу Ирак и Норвешка (Видео)

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Ирак и Норвешка на Светското првенство го обележа не…