Шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас откри до сега непознати детали за јавноста. Имено, Чаби Алонсо имал голема желба да го облече дресот на Арсенал, меѓутоа клубот од Лондон не реагирал да ја исполни желбата на фудбалерот.
Алонсо во 2009 година сакаше нов предизвик, тогаш тој премина во Реал, меѓутоа претходно чекал на реакција од Арсенал. Што се случувало тоа лето откри Фабрегас кој вршел притисок на Арсенал и бил во контакт со Алонсо, сепак неговите напори се покажале како залудни затоа што луѓето во Арсенал не се решиле да го доведат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Цело лето бев во контакт со Чаби, имаше голема желба да дојде во Арсенал. Не зборувам само така, навистина сакаше да игра тука. Јас зборував со сите во клубот со кој требаше. Знаев дека кога играчот сака да дојде полесно е зделката да се реализира. Се сеќавам дека цел одморо разговаравме, се интересираше ме прашуваше како стојат работите…Штета е што во Арсенал не реагираа мислам дека ќе беше фантастично засилување“, изјави Фабрегас.
Чаби тоа лето од Ливерпул направи трансфер во Реал, а потоа играше уште за Баерн каде и што ја заврши својата кариера.