Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак својата кариера ја заврши летото 2012. година, но порача дека жали само за една работа која ја направил.
Балак во летото 1999. година премина од Кајзерслаутерн во Баер Леверкузен, каде на најдобар начин се представи на фудбалската јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со одлчните игри во Леверкузен го сврте вниманието на Баерн во кој замина 2002. година. Но, после четири години потпиша за Челси, каде играше четири сезони. Балак призна дека му е жал што пред десет години ги напуштил Сините бидејќи сакал да ја заврши кариерата во овој клуб.
Договорот на Балак со Челси истече летото 2010. година, а клубот од Лондон му понуди продолжување на уште една година, на што тој не се согласи. Германецот бараше двегодишен договор, но политиката на клубот беше на играчи постари од 30 години да им биде понуден само едногодишен договор.
„Клубот сакаше да останам, но одлуката беше играчите постари од 30 години да добијат само договор за една сезона. Јас сакав двегодишен договор, но тоа не го добив. Денеска можам да кажам дека можеби погрешив и требаше да останам барем уште една сезона. Не сум ни сонувал дека ќе се вратам во Леверкузен и тука ќе ја завршам сезоната. Жал ми е што тоа не се случи во Челси, бидејќи се надевав дека до крајот е останам во тој клуб.“ – изјави Балак.