Дома Фудбал Англија Нов план за Премиер лигата: Сезоната продолжува на 1. јуни и без публика?

Нов план за Премиер лигата: Сезоната продолжува на 1. јуни и без публика?

Поради пандемијата од коронавирусот сите фудбалски натпревари во Англија се одложени барем до 30. април.

Оваа одлука во текот на неделата ја донесе фудбалската асоцијација на Англија, но со оглед на тоа дека пандемијата не се намалува можно е да има ново поместување.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Англиските медиуми денес пишуваат дека новата сезона би можела да започна на 1. јуни и сите преостанати натпревари да се одиграат само во шест недели и тоа без публика. За овој предлог се размислува поради повеќе пари.

Раководството на Премиер лигата поради големите спонзорски договори сака наредната сезона да ја започне според планираното на 8. август. Така би се спречиле финаниските загуби на клубовите кои би биле огромни.

Кога е публиката во прашање планот е да се започне зад затворени врати, а понатаму ситуацијата би можела да се промени во зависност од ситуацијата. Во Британија со коронавирусот се заразени повеќе од 5000 лица, а 240 се починати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ериксен сруши рекорд во репрезентацијата на Данска

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен во натпреварот против Србија испиша рекорд ста…