Италија е најпогодената земја од коронавирусот, само во текот вчерашниот ден на Апенините како последица од овој вирус животот го изгубија дури 793 лица.
Фудбалот е стопиран и ретко кој во овие моменти мисли на него на „Чизмата“ сите сакаат само овој хаос во кој се наоѓаат побрзо да се заврши.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Никој не може да каже како ситуацијата ќе се развива, но сите се надеваат на најдоброто. Предивидувањата на експртите од оваа земја не се оптмистични и тие сметаат дека дури и да се игра фудбал, навивачи на стадионите не треба да има пред октомври.
„Мораме да бидеме искрени и мислиме дека на навивачите нема да им биде дозволено да се вратат на стадионите пред октомври“, гласи пораката на експертите во оваа земја.