Дома Фудбал Италија Трет фудбалер на Јувентус позитивен на КОВИД-19!

Трет фудбалер на Јувентус позитивен на КОВИД-19!

Паоло Дибала е третиот фудбалер на Јувентус кој е заразен со коронавирус КОВИД-19. Потврди аргентинскиот напаѓач на неговиот Инстаграм профил.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После прекинот на Серија А Дибала беше во самоизолација со неговата девојка Оријана Сабатини. Вчера направи тест, а денес двајцата ги добиле резултатите.

„Поздрав на сите. Сакам да ве известам дека ги добивме резултатите од тестирањето на КОВИД-19. Оријана Сабатини и јас сме позитивни. За среќа се чувствуваме одлично. Ви благодариме на пораките“, порача Дибала.

Претходните двајца фудбалери на Јувентус кои беа позитивни на вирусот се Даниеле Ругани и Блез Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шокиран Роналдо. Славеа титула, но голманот во 98. минута постигна автогол.

КРИСТИЈАНО Роналдо беше потполно поразен откако бизарен автогол во 98. минута ја одложи пр…