Легендарниот Ерик Кантона би можел да се врати во Манчестер Јунајтед.
Кантона е еден од најпознатите фудбалери кои го носеле дресот на Манчестер Јунајтед иако на „Олд Трафорд“ беше пет години. Тој успеа да сеткне култен статус помеѓу навивачите на англискиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мирор“ денес објави дека раководството на Јунајтед размислува да го врати Кантона во тимот и да му понуди некоја улога во КЛУБОТ.
Нема потврда, меѓутоа се шпекулира дека на Кантона ќе му биде понудена улогата на амбасадор на клубот со што би им се придружил на легендите Денис Ирвин и Брајан Робсон.
Кантона за пет години на „Олд Трафорд“ постигна 82 гола, освои четири лигашки титули, два трофеи во ФА Купот и два трофеи во Черити Шилдс, денес Комјунити Шилд трофејот.