Дома Фудбал Германија Левандовски призна: Рамос и Роналдо ми понудија да одам во Реал

Левандовски призна: Рамос и Роналдо ми понудија да одам во Реал

Роберт Левандовски веќе со години е помеѓу најдобрите напаѓачи во светот, а полскиот напаѓач неколку преодни рока наназад се поврзува со Реал Мадрид.

Во разговор за шпански „Спорт“ Левандовски објасни зошто ги одбил „кралевите“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Левандовски призна дека после еден натпревар Серхио Рамос и Кристиано Роналдо го повикале во Реал.

„Да тоа е точно“, изјави Левандовски и ја објасни својата одлука:

„Можете да отидете во Ла Лига или во било кое друго првенство, но мене тоа не ми е важно. Своето највисоко ниво го достигнав тука и сакам тука да продолжам. Играм во еден од најдобрите клубови и среќен сум тука“, изјави Левандовски.

Оваа сезона Левандовски постигна 25 гола на 23 бундеслигашки натпревари, додека во Лигата на шампионите постигна уште 11 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Голот на Џани во конкуренција за најдобар на колото!

Македонската фудбалска репрезентација успеа да извлече значаен бод против силната селекциј…