Дома Фудбал Англија На 35 години почина легендата на Кардиф Питер Витингам

На 35 години почина легендата на Кардиф Питер Витингам

Англискиот фудбалер Питер Витингам денес почина во 35. година од својот живот.

Поранешниот играч за врска на Кардиф, Астон Вила и Блекбурн пред неколку дена имаше несреќа во еден бар при што се здоби со тешки повреди на главата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За жал не успеа да се спаси. Докторите во претходните денови се бореа за неговиот живот, меѓутоа Витингам не издржа.

Витингам кариерата ја започна во Астон Вила, а најдобрите денови ги поминува во редовите на Кардиф каде што играше од 2007 до 2017 година.

За велшкиот тим одигра повеќе од 400 натпревари. Во 2009 година беше најдобар стрелец во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работеше на градилиште во 2017 година, а сега ќе игра Европско првенство

Дел од селекторите на земјите учесници веќе ги објавуваат списоците за претстојното Европс…