Дома Трансфер зона Дојде крајот за Бејл во Мадрид!

Дојде крајот за Бејл во Мадрид!

Герет Бејл повеќе не е во плановите на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Како што пишува Марка, францускиот стручњак јасно му порачал на Бејл дека не смета на неговите услуги, а Кралевите се спремни на радикален потег и Велшанецот да го пуштат од клубот без обештетување.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бејл со Реал има договор уште две години. Меѓутоа, не е во плановите на легендарниот Зидан, што јасно покажува фактот дека во 2020. година настапи само три пати.

Неговата огромна плата од 20 милиони евра и фактот што поради Брегзит повеќе нема да биде играч од ЕУ, дополнително му прави проблеми на Реал и веројатно ќе му дадат одврзани раце да си пронајде нова средина.

За Кралевите одигра вкупно 249 натпревари и постигна 105 погодоци, што никако не е лош учинок со оглед на тоа колку време поминува на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал продава три ѕвезди

Арсенал и оваа сезона не успеа да стигне до шампионската титула, па на лето ќе прави мала …