УЕФА го одложи Европското првенство за следното лето, а се уште не се знае кога и како ќе продолжат националните првенства.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалските сојузи се надеваат дека можат да започнат да играат до 3. мај, меѓутоа како ситуацијата ќе се одвива никој не може да каже.
Ливерпул има 25 бода предност на табелата во Премиер лигата и потребни му се само две победи за математички да ја обезбеди титулата. Сепак, легендата на Арсенал и Премиер лигата Тони Адамс смета дека титулатан е може да им се даде на „црвените“ во случај првенството да се прекине.
„Одлуката на УЕФА да се одложи ЕП помага, но мораме да знаеме и што ќе правиме ако сезоната не се заврши. Не можеме да му ја дадеме титулата на Ливерпул и да исфрлиме три клуба од лигата или пак место да добијат Лидс и ВБА. Не можете да кажете дека е готово кога уште не е“, изјави Адамс.