Поради коронавирусот скоро сите натпреварувања се прекинати. Во Шпанија вирусот почнува се повеќе да се ширир и оваа земја започнува да наликува на она што се случува во Италија.
Шефот на Примера, Хавиер Тебас е убеден дека сезоната во Шпанија ќе се доигра до крајотбидејќи како што кажа последиците можат да бидат огромни. Секако, финансиското прашање за него беше една од примарните работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Убеден сум дека ќе ја завршиме сезоната. Во контакт сме со претставници од другите првенства за да ги договориме датумите. Во секојдневен контакт сум со Италијанците, Германците и другите претставници на најсилните лиги. Ни останува да го почекаме вторник и да видиме каква одлука ќе биде донесена за Европското првенство, тогаш ќе можеме да донесеме некакви конкретни одлуки“, изјави Тебас.
Ќе потсетиме утре ќе биде одржан вонреден состанок на 55 членки на УЕФА и на тој состанок ќе се решава судбината на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Европското првенство.