![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2020/03/eva-karneiro-850x491.jpg)
Коронавирусот ги прекина речиси сите фудбалски првенства, меѓу кои и најдобрите лиги во светот, а тие ќе останат одложени додека не се смири пандемијата. Меѓу заразените на Островот се Микел Артета, тренерот на Арсенал, како и Калум Хадсон-Одои од Челси, а на Италија веќе неколку фудбалери се заразени од опасниот вирус.
Во интервју за „Дејли Мејл“, поранешната докторка на Челси, Ева Карнеиро откри зошто фудбалерите лесно може да добијат коронавирус.
1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓
„Професионалните фудбалери некогаш имаат послаб имунитет затоа што тие често имаат многу напори и поради тоа што често играат фудбал, некогаши на три дена. Дел од причините се и напорните тренинзи, поради кои имунитетот им ослабнува. Патувањата на фудбалерите значат и менување на нивниот начин на спиење, па затоа тие се заморени и лесно подложни на вирусот“, открива докторката.